Услови за употреба
Добредојдовте на веб-страницата на Годишната конференција EqualXChange, која ја организира Алијансата за родова еднаквост – GEA. Со користење на веб страната Вие се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се.
ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА УПОТРЕБА
Алијанса за родова еднаквост – GEA, го поседува и менаџира веб сајтот www.ecommerceconferece.mk. Со употреба на овој сајт и неговите услуги Вие (“Вие” или “крајниот корисник”) се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Исто така се согласувате и со нашата Политика за заштита на лични податоци лоцирана на следниот линк и се согласувате дека повремено ќе ги посетувате Условите на употреба за да сте во тек доколку истите претрпат измени.
АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА, ВЕДНАШ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО КОРИСТИТЕ ВЕБ САЈТОТ И НЕ ВРШЕТЕ КУПУВАЊА НА БИЛЕТИ ЗА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ИЛИ ДРУГИ УСЛУГИ КОИ СЕ НУДАТ ПРЕКУ САЈТОТ.
Овие услови се применуваат на сите содржини на веб-сајтот equalxchange.mk.
- Мирослав Крлежа 14/1-1, 1000 Скопје
- +389 78 58 44 48
- info@genderequalityalliance.org
- ОПШТИ ОДРЕДБИ
Алијанса за родова еднаквост – GEA ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и / или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на Алијанса за родова еднаквост – GEA е строго забрането. Прекршување на општите услови за користење можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост. Алијанса за родова еднаквост – GEA може да ги промени овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. При користење на оваа платформа, не заборавајте да ја посетувате оваа страница за да ги прегледате актуелните услови кои се обрзувачки за Вас како корисник. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.
- ПРИ КУПУВАЊЕ НА КАРТИ НА ВЕБ СТРАНАТА equalxchange.mk КОРИСНИКОТ ГИ СПОДЕЛУВА СЛЕДНИТЕ ПОДАТОЦИ:
- Вашето име
- Вашето презиме
- Вашата компанија
- Вашиот телефонски број
- Вашиот е-маил
- Вашата адреса (улица, град, држава, поштенски код)
- ВРСКИ (ЛИНКОВИ) КОН ДРУГИ ВЕБ ЛОКАЦИИ
Врските (линковите) на веб сајтот на конференцијата кон други локации (веб страни на трети страни)се поставени за промотивни цели и полесен преглед на содржините. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на трети страни кои не се поврзани со овој веб сајт, тоа го правите на сопствен ризик односно Алијанса за родова еднаквост – GEA не е одговорна за било какви содржини и активности на трети страни.
- ПРИСТАП ДО САЈТОТ
Алијанса за родова еднаквост – GEA го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот, во било кое време поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на GEA, и GEA не е одговорна за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на GEA е овој веб-сајт а да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Вие разбирате и признавате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на GEA, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време.
Алијанса за родова еднаквост – GEA има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.
