Preloader

EqualXChange
Money. Mind. Influence.

Конференцијата каде лидери, иноватори и професионалци од различни индустрии разменуваат идеи кои поттикнуваат раст, ја зајакнуваат менталната отпорност и градат влијание што носи долгорочни резултати.

Конференција 2025

5 год

EqualXChange e oрганизиранa од Алијансата за родова еднаквост на работното место - GEA

5-ТО ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ

За конференцијата

Петтата, јубилејна едиција на EqualXChange означува пет години транспарентни и релевантни бизнис-дискусии.

EqualXChange е годишна бизнис конференција посветена на лидерство, продуктивност и одржливо управување со луѓе.

Во 2026 се одржува петтата, јубилејна едиција — момент кога конференцијата прави исчекор од инспирација кон реални, зрели разговори со фокус на долгорочни резултати.

Централната тема се темели на три клучни столба:

Како се носат подобри финансиски одлуки, и на ниво на бизнис, и на лично ниво. Од управување со ресурси до инвестирање оваа тема се фокусира на одржлив и паметен раст.

Како да се превенира burnout, да се одржи ментално здравје, да се изгради отпорност и да се задржи фокус и продуктивност во динамично секојдневие. Од важноста на сонот до одржливи навики – фактори што директно влијаат на перформансите и квалитетот на одлуките.

Како да се влијае врз луѓе, одлуки и резултати – преку лидерство, продажни вештини и ефективно преговарање. Од практични примери до реален импакт во организациите и општеството, влијанието се мери по тоа што навистина се менува.

DoubleTree by Hilton Скопје

Вторник - 19 Мај, 2026

Зошто да присуствувате?

Практични и релевантни теми

Дискусии и презентации кои нудат реални решенија за современите бизнис предизвици.

Квалитетна публика

Над 200 професионалци кои носат одлуки, градат тимови и влијаат врз растот на своите организации.

Инспиративни говорници

Лидери и експерти со силни професионални позадини кои носат уникатни перспективи

Нетворкинг за вистински impact

Структуриран нетворкинг кој овозможува нови партнерства, идеи и долгорочни бизнис можности.

Агенда

Агендата е достапна!

Агендата ќе опфати инспиративни говори, панел-дискусии и интерактивни сесии насочени кон финансиско одлучување, лидерство, ментална отпорност и градење влијание во современиот бизнис свет.

Говорници

Говорници на EqualXChange 2026

Поврзи се и напредувај

Обезбеди го твоето место на EqualXChange

Early Bird цена

3.990 МКД +18% ддв

Што е вклучено:

SOLD OUT

Регуларна цена

5.990 МКД +18% ддв

Што е вклучено:

ПАРТНЕРИ И ПОДДРЖУВАЧИ

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

TRACK ПАРТНЕР

TRACK ПАРТНЕР

СРЕБРЕН ПАРТНЕР

БРОНЗЕН ПАРТНЕР

МЕДИУМСКИ ПАРТНЕРИ

ПРИЈАТЕЛИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

Стани партнер

Зошто да бидете партнер на ЕqualXchange vol. 5?

Зголемена видливост на вашата компанија пред, за време и по конференцијата

Директен пристап до носители на одлуки и релевантна бизнис-публика

Таргетирано вмрежување со лидери и професионалци

Јакнење на експертската позиција на вашата компанија за клучни бизнис теми

Сакате да соработуваме?

Често поставувани прашања

Ова ќе ве интересира...

EqualXChange е годишна конференција што се одржува по повод Меѓународниот ден на еднаква плата, со фокус на реалните бизнис-предизвици поврзани со продуктивност, лидерство и одржливо управување со човечки капитал. Настанот обединува професионалци кои преку искуства и дискусии придонесуваат кон развој на поодржливи и конкурентни организации.

EqualXChange е наменета за професионалци кои носат одлуки и влијаат врз растот на организациите. На конференцијата се очекуваат 200+ професионалци кои носат одлуки и влијаат врз растот на организации.

- Основачи и ко-основачи
- Извршни директори и менаџери
- Лидери во продажба и развој на бизнис
- Финансиски професионалци и инвеститори
- HR и People & Culture професионалци

Публика што не само што слуша, туку носи одлуки, гради тимови и влијае врз резултати.

Целта на EqualXChange е да поттикне отворени и релевантни разговори за клучните предизвици во современиот бизнис, преку размена на знаење, искуства и практични пристапи кои водат кон подобро донесување одлуки и одржлив раст.

Учесниците можат да очекуваат квалитетна содржина, инспиративни говорници, практични увиди и можности за вредно вмрежување со професионалци кои активно влијаат врз бизнис резултатите. Конференцијата нуди простор за учење, размена на идеи и градење значајни бизнис контакти.

Организатор на оваа конференција е Алијансата за родова еднаквост (GEA), која е иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, покрената со силна поддршка од приватниот сектор, со цел да се искористи потенцијалот на дигитализацијата, технологијата и е-трговијата како двигатели на економското зајакнување на жените.

Активностите на GEA опфаќаат едукативни, информативни и мрежни иницијативи, меѓу кои: годишната EqualXChange конференција, национални кампањи насочени кон стереотипите на работното место, работилници за финансиска писменост и економско зајакнување на жените, како и аналитички истражувања на теми поврзани со родовата еднаквост.

Овие активности се дополнети со комуникација со јавноста и соработка со релевантни институции, со цел да се надминат стереотипите, фрагментираниот јавен дискурс и недостатокот на практични насоки за организациите што сакаат да ја унапредат еднаквоста на работното место.

Работата на Алијансата се темели на три столба: еднаква плата, еднакви можности и еднаква застапеност

Повеќе за GEA: genderequalityalliance.org